ЦУК: Почна со работа Комисијата за случајот во кратовско Емирица

Комисија за утврдување на правилност во примената на стандардните оперативни процедури за работа на Регионалните центри за управување со кризи Кратово (5/8) и Куманово (7/24) почна со работа, информираат од Центарот за управување со кризи.

Тоа, се вели во соопштението од ЦУК,  е дел од преземените активности заради целосно расветлување на случајот на координацијата и давањето помош на медицинскиот тим во Кратовско, којшто го спаси премрзнатиот сточар од село Емирица.

Комисијата, како што најави на вчерашната прес-конфернција в.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, детално ќе го испита овој случај и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости во ЦУК или во другите институции од Системот за управување со кризи, за истите да бидат надминати во иднина.

MИА

]]>

Најчитани вести