-Со брза распределба, ротација и координација што ја имаме со директорите на болниците, обезбедуваме болничко лекување за секој пациент. Во текот на вчерашниот ден имаше намалување на бројките, а денеска се очекува и бројот на позитивни лица да биде помал, изјави Филипче.
Тој изјави дека во однос на вакцинацијата имаат во план да пристапат и кон лицата од посебни категории, односно лицата кои се без здравствено осигурување, бездомни лица или лица без државјанство. Филипче додаде дека во изминатиот период обезбедено е болничко лекување и за лицата кои немаат здравствено осигурување, без плаќање партиципација.
Министерот за здравство посочи дека потребно е да се вакцинираат што поголем број граѓани и дефинитивно сите ќе бидат опфатени во процесот на вакцинација без разлика на статусот.
MИА
]]>


