Според Министерството, ВМРО-ДПМНЕ се потсмева со вакцинацијата на возрасните граѓани, задравствените работници, полицајците, армијата, учителките, воспитувачките, возачите во ЈСП,…
-Вакцинацијата во време на светска пандемија е сериозен здравствен процес, колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ да им наликува на „преправање“ (симулација). Тажно е што опозициската партија безидејно обидувајќи се да профитира политички се потсмева со вакцинирањето на лицата со најголем ризик од заболување, односно возрасните граѓани постари од 76 години, наведува Министерството.
Додава и дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со беспрекорната организација на масовната имунизација во А1 СЦ „Борис Трајковски“.
-На ВМРО-ДПМНЕ му сметаат насмеани лица на граѓани по вакцинација, на опозицијата и сметаат позитивните коментари од граѓаните кои ја примиле вакцината. ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемија прави само штета. Во време на рестриктивни мерки, полициски час, одлучија да се групираат и да протестираат. Жалиме што опозицијата од почетокот на пандемијата не придонесе со ништо за заштита на здравјето на граѓаните, се наведува во писмената реакција од Министерство за здравство.
МИА
]]>


