Имено, како што наведоа од Министерството за животна средина и просторно планирање, во изминатиот период ги спровеле сите подготвителни активности за финализирање на Планот за ремедијација со УНИДО и на меѓународен тендер избраната фирма Полиеко, за безбедно чистење и ремедијација на малата депонија со опасниот историски отпад линдан, како и за дефинирање на временската рамка на изведбените работи.
За разгледување и усогласување на Планот од страна на МЖСПП, министерот Нуредини формирал работна група и на вчерашната седница ја информирал Владата дека е подготвено Решение за одобрување на Планот со прилог на активности кои треба да бидат преземени од страна на фирмата изведувач, а во согласност со Законот за животна средина.
– Во постапката се издавање на две дозволи за извоз на опасен отпад од страна на МЖСПП, согласно Базелска Конвенција – за во Франција каде ќе се извезе линданот и за во Холандија каде ќе се извезе контаминираната земја под линданот. Според временската рамка предвидено е процесот на отстранување на дел од малата депонија, да заврши до почетокот на наредната годината доколку дозволат условите со пандемијата, при што би се отстраниле првите количини (~ 700 тони) на почва контаминирана со HCH и чист HCH отпад, наведоа до МЖСПП.
MИА
]]>


