(ВИДЕО) Приведен Драги Рашковски, обвинителството бара притвор

Драги Рашковски денеска претпладне е донесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, јавува 360 степени.

https://www.youtube.com/watch?v=qWWU4-QyeA4&t=20s

Полицијата денеска го приведе доскорешниот секретар во премиерскиот кабинет и екс генерален секретар на Владата откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција. Приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка – „Инвока гроуп“, Даниел Станчев. Со наредбата за истрага се опфатени вкупно четири лица. За другите двајца Обвинителството предлага други мерки на обезбедување.

Извор- 360 степени

]]>

Најчитани вести