На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа бездомник кој одеднаш нападна полицајка за време на апсењето. На нападот му претходело и извикување расистички зборови и повреда на имотни права. Овој напад ја шокираше јавноста во САД, особено чинот на бруталниот напад врз полицајката, спасена од случајни минувачи.
Споменатата случка се случила минатиот петок, кога една од безбедносните камери поставена на зградите го снимила инцидентот.
На прв поглед се чини дека станува збор за рутинска акција на приведување и дека осомничениот соработува. Додек полицајката се подготвува за апсење и става заштитни ракавици за потоа да му стави лисици на рацете на бездомникот, тој одеднаш се врти и ја напаѓа. Потоа тој ја тепа, ја турка на земја и се обидува да ја задави.
На помош ѝ доаѓаат случајни минувачи и успеваат некако да го одделат мажот од неа.
Засега, идентитетот на напаѓачот сè уште не е познат, а очевидци тврдат дека станува збор за бездомник кој постојано дивеел во кинескиот кварт.