Aлиоски се бореше за сите, Пандев даде гол, Австрија победи со 3:1

ФОТО: AФП

Репрезентацијата на Австрија славеше против Северна Македонија со 3: 1 во мечот од 1.коло од групата Ц. Австријците поведоа преку Стефан Лајнер во 18. минута, а капитенот Горан Пандев со историскиот гол изедначи десет минути подоцна.

Македонците добро се држеа, се до повредата на нашиот голман, а потоа селекторот на Австријците, Франко Фода на теренот ги испрати Грегориќ и Арнаутовиќ во 57-та минута. Прво, Грегориќ во 76-та минута, а потоа и Арнаутовиќ во 89. минута ја потврдија победата на Австрија.

Играта за Македонците цело време ја водеше Алиоски, кој како да беше насекаде, а неколкуте обиди да се погоди противничката мрежа завршија неуспешно. Противниците поголемиот дел од времето напаѓаа од левата страна на теренот, од каде што нивниот стратег проценил дека имаат подобри шанси.

Токму од таму дојде и вториот погодок, откако нашиот фудбалер ја шутна топката во аут, во непосредната близина на голот. Австријците ја искористија шансата и отидоа во предност со еден гол, по што почнаа да го користат и времето за нивната предност.

]]>

Најчитани вести