Тој уште еднаш ја воодушеви јавноста и тоа не само со играта, туку и со потегот што го направи првиот светски рекет по мечот. Имено, во моментите на најголемата возбуда, Ѓоковиќ уште еднаш докажа дека е добар човек. Тој го слушна повикот на едно мало дете од трибините како го повикуваше по натпреварот и му го даде својот победнички рекет со кој дојде до титулата.
Момчето се израдува, плачеше од среќа и скокаше од радост.
На прес конференцијата Ѓоковиќ беше запрашан кое е детето.
„Не знам кое е момчето, но цело време го слушав. Тој ме охрабри кога губев со 2-0. Дури ми даваше совети за време на натпреварот, како тренер ха-ха. Тој беше најдобриот избор, сакав да му го дадам рекетот, бидејќи тој ме поддржуваше во текот на целиот натпревар“, рече Ѓоковиќ.
]]>


