(ВИДЕО) Го пцуеше Алиоски, па Арнаутовиќ се извини, УЕФА си молчи како риба

Фудбалската репрезентација на Австрија вчера ја победи Северна Македонија во првото коло од групата Ц со 3:1, а третиот гол го постигна Марко Арнаутовиќ. Напаѓачот се најде во центарот на вниманието не поради голот, туку поради „прославата“ на голот, со пцуење кон македонскиот фудбалер, кој не му направи ништо.

Откако ја затресе мрежата на Димитриевски, тој започна да го пцуе фудбалерот Алиоски. Арнаутовиќ беше толку бесен што го смируваше неговиот капитенот Давид Алаба.

Денеска Арнаутовиќ „запеа“ друга песна.

„Вчера имаше некои жестоки зборови кажани понесен од емоции на натпреварот за кои би сакал да се извинам, посебно на моите пријатели од Македонија и Албанија. Би сакал да кажам една работа јасно: Не сум расист! Имам пријатели од речиси секоја земја и се залагам за различности. Секој кој ме знае е свесен за тоа. Извинете“ – напиша Арнаутовиќ на својот профил на социјалната мрежа.

https://www.youtube.com/watch?v=c6_B2oNB5Rc&feature=emb_title

Реакцијата на Арнаутовиќ по голот, за многу кратко време стана вирална на сите социјални мрежи, но и во медиумите од регионот. Сепак официјална реакција од УЕФА до сега нема.

]]>

Најчитани вести