Популарната пејачка Северина на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија на која позира топлес. На фотографијата таа е свртена со грб и го носи само долниот дел од костимот за капење.
„Ла Бања“, напиша пејачката во описот на фотографијата и ги додаде на хаштаговите „Сакам што се сакаме“ и „љубовта се враќа со љубов“. За половина час нејзината фотографија собра повеќе од 10.000 лајкови.