Досега 4 лица се осомничени за подметнување пожар

Четири лица досега се осомничени за подметнување пожар информираше МВР. Како што се наведува во нивното соопштение едно лице од четирите веќе е осомничено за пожарот во Старо Нагоричане, а полициските службеници веќе постапуваат во координација со јавен обвинител.

-Во текот на вчерашниот ден, пак, благодарение на брзата интервенција на полициска патрола и на екипа на бригадата за противпожарна заштита Скопје спречен е пожар од поголем размер пред село Блаце кон Катланово, за кој две лица се под сомнение за негово предизвикување и се работи на расчистување и на овој случај, соопшти МВР.

Полициски службеници го лишиле од слобода лицето Л.А. од Република Албанија поради основано сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести