Во интервју за списанието „Кандис“, актерот Даниел Крег изјави дека не планира да им остави многу пари на своите деца.
„Мојата филозофија е дека треба да се ослободам од се, пред да умрам. Не сакам да им оставам големи суми пари на идните генерации“, рече Крег.
Според податоците на „CelebrityNetWorth“, богатството на актерот во моментов се проценува на 160 милиони долари. Тој додаде дека смета дека наследувањето на парите е „невкусно“.
Инаку, Крег ја има 29-годишна ќерка Ела, од првиот брак со актерката Фиона Лудон, а во 2018 година доби ќерка во вториот брак со актерката Рејчел Вајс, со која се ожени во 2011 година. Името на ќерката никогаш не беше објавено.
Британскиот актер на крајот на септември ќе го гледаме по петти пат во улогата на Џејмс Бонд во филмот „Нема време да се умре“.
]]>


