Во последните две години коронавирусот ги одбележа нашите животи. Но, за повеќето од луѓето, тој е сепак нешто апстрактно, нешто што не можат да го видат, ниту да го замислат.
Група истражувачи од Универзитетот Утрехт во Холандија со нивната работа (која сè уште чека преглед и одобрување за објавување во професионални списанија) можат да го сменат начинот на кој размислуваме за коронавирусот. Имено, благодарение на техничките подобрувања што ги смислиле и вовеле во начинот на набудување на нештата со микроскоп, тие можеле да видат (а потоа и да направат) многу детални 3Де фотографии кои покажуваат како вирусот САРС-КоВ-2 влегува во клетките на човечкиот респираторен систем и ги инфицира.
Со нивното подобрување се овозможува да се зголеми десет пати објект што е само 20 нанометри преку микроскоп, така што тие јасно можеле да го видат само 100 нанометрискиот коронавирус.