Северина го потврди разводот: Игор беше добар партнер и му ја посакувам целата среќа на светот

Шпекулациите што траат повеќе од една година дека Северина (49) и Игор Којиќ (33) повеќе не се заедно, добија и потврда пишува Јутарњи лист.

Нивниот брак е официјално завршен денеска,со взаемна согласност на двајцата парнери, а сето тоа официјално се случило во Општинскиот граѓански суд во Загреб.

Во ексклузивната изјава за Јутарњи лист, пејачката потврдила дека се развела од Игор Којиќ.

-Одлуката за развод ја донесовме заеднички, со заеднички договор и нема да ја коментираме понатаму. Мојата посветеност кон мојот син и борбата за старателство беа во целосен фокус во изминатите 20 месеци. Игор беше прекрасен партнер и голема поддршка во многу тежок период од мојот живот и му ја посакувам целата среќа на светот. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна вреќа. Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување глупости и непроверени озборувања. Мојот живот не можете да ми го влошите, но сепак имате шанса да го поправите вашиот – напиша Северина е емаил пораката до „Јутарњи лист“.

]]>

Најчитани вести