Џејсон Стејтам и неговата 20 години помлада свршеница го очекуваат второто дете

Актерот Џејсон Стејтам (54) и манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли (34) се во врска од 2009 година, а се верија пред пет години. Во 2017 година, тие го добија својот прв син, Џек и Роузи минатата година на социјалните мрежи откри дека размислуваат за проширување на семејството.

Роузи неодамна на својот профил на Инстаграм објави серија фотографии од себе во различни облеки, а облечена во тесен бел фустан таа го покажа и своето трудничко стомаче.

-Да! Втор круг – напиша моделот во описот на објавата и многу брзо собра повеќе од 400 илјади допаѓања.

]]>

Најчитани вести