Во Црна Гора се уште трае натпреварот во лежење, a неколку натпреварувачи се натпреваруваат повеќе од 71 час.
Претходниот рекорд, што веќе е соборен, беше 49 часа, а од 20 август, кога започнаа да лежат, досега во игра останаа тројца натпреварувачи кои очигледно, како што се вели во коментарите, планираат да се борат за наградата до есен.
Натпреварот го организира црногорското етно-село „Монтенегро“, оддалечено 34 километри од Никшиќ, а организаторите, доделуваат 300 евра за победникот.
Годинава, правилата се малку изменети, така што на учесниците им е дозволено да одат во тоалет на секои осум часа. Тие исто така можат да користат мобилни телефони, да читаат и всушност се што прават треба да го прават лежејќи, а губи тој што ќе стане.
]]>
Етно село Монтенегро, лежење, мрзлив, натпревар, Црна Гора