Санкционирани 302 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 302 возачи.

– Од нив, 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа,119 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 183 надвор од населено место, информираат од МВР.

Од МВР посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести