Почина францускот актер Жан Пол Белмондо

Легендарниот француски актер Жан Пол Белмондо починал во својата куќа во Париз на 88-годишна возраст, а информацијата за неговата смрт ја потврдил неговиот адвокат, објави агенцијата АФП. Белмондо е роден на 9 април 1933 година во предградието на Париз.

Во текот на 1960 -тите и 1970 -тите години, името на Белмондо беше гарант за успехот на филмот.


Тој стана познат низ целиот свет по своите улоги како скитник, гангстер и корумпиран полицаец. Неговото име е дел од екипите во речиси сто филмски наслови, меѓу кои „Професионалец“, „Човекот од Рио“, „Аферата Стависки“, „Ас на кецовите“, „Борсалино“, како и околу четириесет театарски улоги.

Францускиот актер зад себе има два брака, четири деца и шест внуци.

Според медиумите, славниот Белмондо веќе извесно време имал влошена здравствена состојба.

]]>

Најчитани вести