(ВИДЕО) Лукаревска: Нека е честит и вековит Денот на независностa, после 30 години гордо може да кажеме заедно успеавме!

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, со видео порака денеска го честита Денот на независноста-8. Септември!

„30 години од историскиот референдум во 91-та година кога го поставивме темелот на современата држава, со гордо крената глава може да кажеме: заедно успеавме!

Денес, Република Северна Македонија е меѓународно призната, економски напредна, слободна и демократска држава со своја лична карта во Обединетите Нации. Полноправна членка на НАТО, пред почеток на преговори со ЕУ, пријател на демократскиот свет. Економијата е стабилна, парите се враќаат кај граѓаните, платите растат, се гради на сите страни, вели Лукаревска.

„После три турбулентни децении, од ,,буре барут’’ станавме фактор на регионална стабилност и почитуван пример за мирно решавање конфликти. Тоа е заеднички успех на сите наши граѓани“, истакна Лукаревска в видеото.

„Низ сите овие години, учевме важни лекции и созревавме како општество. Научивме дека единствениот правилен пат е патот на демократијата, на слободата, на економскиот развој. Успешната македонска приказна е заедничката приказна на сите луѓе кои живеат овде без разлика на вера и припадност, земја на еднаквост и еднакви можности. Затоа ,,едно општество за сите’’ не е само фраза, туку е клуч за развој и просперитет на граѓаните и државата. Така треба и да продолжиме“, вели Лукаревска.

„30 години независност одбележуваме во време во кое нашата истрајност, жилавост, храброст и решителоност не водат до справување и со најсилните предизвици со кои се соочи и целиот свет. Во нашата заедничка борба за подобро утре, продолжуваме напред, заедно! Тоа најдобро го знаеме. Нека е за многу години“, порачува Лукаревска.

https://www.youtube.com/watch?v=AmL8CRhGGSI&feature=emb_title
]]>

Најчитани вести