Kaко изгледа совршено избалансираната чинија за дијабетичарите

Дали имате дијабетес или некој од вашите најблиски страда од оваа болест? Првиот чекор по дијагнозата е да се промени начинот на исхраната што ја јадат овие луѓе.

Протеини без маснотии
Постојат бројни намирници кои се забранети за дијабетичарите. Справувањето со новото мени може да биде комплицирано, затоа што исхраната не треба да биде монотона, а експертите објаснуваат како треба да изгледа совршено избалансирана чинија за ручек за дијабетичари.

За лесно да ја подготвите, поделете ја чинијата на половина и пополнете ја таа половина со зеленчук без скроб. Потоа поделете ја другата половина на една четвртина од сложени јаглехидрати и една четвртина од протеини со малку маснотии. Исто така, потребно е да вклучите помалку здрави масти.

Зеленчук без скроб (1 до 2 чаши): аспарагус, брокула, целер, краставица, морков, зелка, модар патлиџан, кромид, печурки, пиперки, спанаќ, тиквички, карфиол итн.

Подгответе еден од овие зеленчуци и наполнете половина чинија.

Сложени јаглени хидрати (15 гр. по чинија): кафеав ориз, киноа, овесна каша, пченка, мешунки, компири, свежо овошје, сушено овошје, житарици, леб.

Пример: 1/3 чаша мешунки, 1 чаша тиква, 1/2 чаша компири,
1/2 чаша свежо овошје, 1/4 чаша сушено овошје, 3/4 чаша житарици или само парче леб.

Протеини: грав, грашок, леќа, тофу, зелена соја, ореви, хумус, сите видови месо, јајца, јогурт, сирење и кефир. Запишетеги ги сите овие состојки на лист хартија и следејќи го правилото за поделба по чинија уживајте секој ден во разновидната исхрана.

]]>

Најчитани вести