Вистински среќник за добивање награди е Американецот Тери Сплоун кој по трепат добил добивка на лото. Овојпат добитникот од Северна Каролина славел добивка од 100.000 долари на лото, но ова не ниту неговата најголема добивка.
Тери Сплоун од градот Конкорд купил ливче за 20 долари и добил 100.000 долари, а по оданочувањето, за него биле 70.800 долари.
Во април 2017 година, Сплоун добил милион долари, а две години подоцна, во март 2019 година, на „грепка“ изгребал уште еден милион долари.
-Да се добие е неверојатно и многу забавно, изјавил Сплаун.
Според лотаријата во Северна Каролина, Сплаун го купил добитното ливче во понеделникот.
-Беше Денот на трудот. Тоа за мене тоа беше навистина убаво изненадување -изјавил тој.
Секое ливче Сплаун го купувал на истото место, во продавницата во Конкорд, во „Мини стоп на Сем“.
]]>


