Михаил, изгубеното дете кое се бараше е пронајдено

Mалиот Михаил за кого беше објавено преку социјалните мрежи дека е изгубен веќе е во рацете на своите најблиски.

Детето со својот велосипед само се изгубило во Скопје, а според пишувањата во коментарите на објавата дека е пронајден, тој од Дебар маало стигнал до Козле.

“Во 17.05 часот е пронајдено детето за кое од В.К. денеска во 16.03.часот  беше пријавено дека се изгубило на подрачје на ПС Центар во Скопје. Детето е предадено на родителите”, стои во соопштението на МВР.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести