Премиерот Зоран Заев и министерката Шахпаска на 75 години од основањето на Сојузот на пензионерите: Пензискиот фонд е стабилен, а пензиите растат и се исплаќаат редовно


Премиерот Зоран Заев, министерката  за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите Станка Трајкова, денеска се обратија  на Денот на пензионерите – 20 септември, на свечена седница по повод јубилејот 75 години од основањето на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.



Премиерот Зоран Заев им ја честиташе  годишнината на членовите на Сојузот, која се поклопува со 30-годишнината од независноста на нашата држава и им посака уште долги години посветено и успешно спроведување на нивната благородна мисија. Тој  едновремено ја изрази одлучноста на Владата да работи на унапредување на квалитетот на живеење на највозрасната категорија граѓани која го вгради својот работен век во иднината на оваа земја.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=r5ApeLd2xkU&feature=emb_title



„Седумдесетипетгодишнината од основањето на Сојузот на здруженијата на пензионерите се поклопува и со  јубилејот 30 години самостојност и нѐ потсетува на она што никако не смееме да  го заборавиме – дека токму оваа генерација граѓани на свои плеќи понесе најголем товар во времето кога државата  работеше на консолидирање на економијата. Свесни сме дека личниот влог на секој од вас е огромен и должни сме да ви изразиме неизмерна почит и благодарност“, истакна премиерот Заев.

Во своето обраќање до присутните тој нагласи дека еден од приоритетите и обврски на оваа Влада и Министерството за труд и социјална политика е подеднаква грижа за сите граѓани преку концептот „Едно општество за сите“ и особено исправање на неправдите кон пензионерите.



„Сега два пати годишно имаме усогласување на пензиите со трошоците на живот. Со ова законско усогласување од една страна ги усогласуваме пензиите со трошоците за живот, а од друга страна го штитиме фондот за ПИОМ со цел и идните генерации пензионери да очекуваат стабилни и навремени исплати на своите пензии. До крајот на годината ќе работиме во правец на менување на системот за пресметката на пензиите при што ќе биде вграден и критериумот раст на просечната плата покрај критериумот раст на трошоци за живот“, подвлече премиерот Заев.

https://www.youtube.com/watch?v=8eHc9z2YUzU&feature=emb_title
]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести