6 правила што треба да ги знаете кога пиете зелен чај за слабеење: Многу луѓе го користат погрешно и затоа не можат да ослабнат

Иако многу студии ги потврдија придобивките од постојаното пиење зелен чај, постојат правила што треба да ги знаете ако сакате да го употребите овој „магичен чај“ на најдобар можен начин.

За почеток, се препорачува да консумирате две до три шолји зелен чај дневно и тоа не треба да се надминува.
Има уште неколку работи што треба да ги знаете доколку редовно пиете зелен чај.

Не треба да се пие веднаш по оброкот

Една од најголемите заблуди при конзумирање зелен чај е дека ако го пиете веднаш после оброк, тој магично ќе ги избрише сите калории што само што сте ги внеле.

Веднаш по јадењето телото треба да ги свари сите протеини што сте ги внеле преку храната, а пиењето на зелен чај веднаш потоа само ќе му наштети на овој процес, па дефинитивно треба да почекате.

Консумирајте го зелениот чај кога малку ќе се олади

Консумирањето врел чај не само што ќе биде како да нема вкус, туку може да му наштети на стомакот и грлото. Пијте го чајот топол, а не жежок.

Не пијте зелен чај на празен стомак

По спиењето, кои не сте внеле ништо во вашето тело, треба да конзумирате нешто лесно и смирувачко што го стимулира вашиот метаболизам.

Зелениот чај содржи силни антиоксиданси и силни полифеноли кои можат да го зголемат производството на желудочна киселина и да го нарушат варењето. Идеално време за пиење зелен чај е помеѓу оброците.

Не додавајте мед во топол чај

Повеќето од нас сакаат да додаваат мед во зелениот чај, бидејќи е здрава алтернатива на шеќер и има подобар вкус. Меѓутоа, ако додадете мед во топол зелен чај, многу е веројатно дека хранливата вредност на медот ќе биде уништена.

Не земајте лекови со зелен чај

Многу луѓе пијат таблети со утринска чаша зелен чај. Ова може да биде крајно штетно бидејќи хемискиот состав на таблетата може да се измеша со зелениот чај што доведува до киселост. Затоа, се препорачува да ги земате таблетите со обична вода, пишува „Times Of India“.

Премногу зелен чај не е добра одлука

Само затоа што зелениот чај е здрав, не значи дека можете да пиете колку што сакате. Чајот е ист како и кафето, содржи кофеин, а прекумерното консумирање кофеин дневно може да предизвика нус појави и несакани ефекти, вклучувајќи главоболка, летаргија, раздразливост и вознемиреност.

Премногу зелен чај, исто така, може да ја намали апсорпцијата на железо во телото. Затоа најдобро е да се држите до две до три чаши дневно.

]]>

Најчитани вести