Северина со голем концерт ја затвори овогодинешната „Винковачка јесен“, а дури ни лошите временски услови не ја спречиле да настапи пред бројните обожаватели.
„Ништо не може да се спореди со тебе, Винковци … Колку повеќе врнеше, толку погласни бевте. Велат ,никогаш пополн плиштад’, а мене срцето полно. Ви благодарам, драги мои Винковци, ми требавте”, напиша Северина со видео објавено на нејзиниот профил на Инстаграм.
Видеото погледнете го на следниот линк.
Во видеото се гледа како нејзиното обезбедување ѝ носи чадор додека таа пее на сцената на дождот, но таа со насмевка на лицето го одбива и продолжува да пее. Во меѓувреме нејзиниот бенд под мушами се штитат од дождот и ја придружуваат на сцената.
]]>


