Имено, додека нејзината помлада сестра, 50-годишната Линда, почесто се појавува на црвениот тепих и работи како позната новинарка, нејзината постара сестра Лесли претпочита да остане далеку од љубопитните очи и работи како професорка по музичко во едно училиште во Бронкс.
Исклучок направила само кога нејзината ќерка Бренда се прогласила за трансродова личност, нешто што го објави и Џенифер.
„Ова е Брендан, постарото дете на сестра ми Лесли, и го претставуваше своето училиште на конференцијата #globalyoungleaders во Вашингтон. Не можам да бидам повеќе горда на него, Брендан е силен и вистински лидер во семејството. Те сака тетка Џен“, напиша во една од објавите тогаш Џенифер.
Џенифер ретко ги објавува нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи, освен во специјални прилики, како роденденски прослави или слично, па многумина не знаат ни дека Лесли постои.
Покрај Линда и Лесли, Џенифер има и двајца браќа и сите заедно се појавија во шоуто на Опра Винфри во 2002 година, а потоа признаа дека навистина не сакаат да зборуваат за Џенифер во јавноста.

Браќата и сестрите пораснале во Бронкс со родителите Гвадалупе и Дејвид. Џенифер сега поседува имоти насекаде низ САД, но остатокот од нејзиното семејство останало да живее во Њујорк, каде што често ги посетува, особено за време на празниците.
]]>


