Новак префлен во карантин: Не се предава, адвокатите работат на жалбата на одлуката

Српските медиуми објавија дека тенисерот Новак Ѓоковиќ е префрлен во карантин. Тој не се предава во својата борба да игра на „Австралија опен“ и има уште 14 часа до конечната одлука. Во меѓувреме неговите адвокати работат на жалбата тој да остане во Австралија.

https://twitter.com/paulsakkal/status/1478846176334020610

Српскиот тенисер вчера полета кон Австралија со надеж дека ќе добие дозвола за влез во земјата и покрај тоа што не е вакциниран. Тој се повика на медицинска потврда за ослободување од вакцинација, но очигледно тоа не му помогна да игра на Грен слемот во Мелбурн.

Во меѓувреме, навивачи на Ѓоковиќ почна да се собираат на аеродромот во Мелбурн за да му искажат поддршка.

]]>

Најнови вести

Најново од Спорт, Ударни вести

Најчитани вести