Навивачите се собраа пред хотелот во кој е сместен Новак Ѓоковиќ во Австралија, а на социјалните мрежи се појави и првото видео од најдобриот тенисер на светот.
Бројни фанови, претежно Срби, дознаа каде е сместен, па дури и во која соба се наоѓа Ѓоковиќ и отидоа таму за да му ја дадат својата поддршка.
Ѓоковиќ дошол до прозорецот од собата и постојано им испраќал срца и бакнежи на сите кои доаѓале да му дадат поддршка.
Австралискиот федерален суд го прифати барањето на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и му дозволил да остане во Мелбурн до понеделник.
Членот на тимот на Ѓоковиќ, кој беше задолжен за документацијата, направил грешка и го избра типот на виза што не може да се добие со медицинско ослободување од вакцинација против Ковид-19. Поради тоа, на Ѓоковиќ му била откажана визата.
Србинот во моментов се наоѓа во хотелот „Парк“, кој е дом на баратели на азил во земјата.