Емотивна објава на Јелена Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ Божиќ го минува во имиграциски притвор во Австралија, каде што ја чека конечната одлука на властите на неговата жалба за одбиената виза за влез во земјата. Неговото семејство следи што се случува, а за првпат се огласи и неговата сопруга, Јелена Ѓоковиќ, преку социјалните мрежи.

Таа на сите им го честиташе Божиќ и напиша што најмногу би сакала во овој момент.

„Среќен Божиќ на сите оние кои го слават денес! Мир Божји! Сакам сите да бидат здрави, среќни, безбедни и заедно со своите семејства. Би сакала и моето семејство да биде заедно денес, но се тешам со тоа што барем сме здрави. Ние ќе го надминеме ова искуство“, напиша таа.

Јелена Ѓоковиќ им се заблагодари на сите кои им испратија пораки за поддршка.

„Ви благодарам драги луѓе ширум светот што го искористивте вашиот глас за да испратите љубов и поддршка до мојот сопруг. Земам длабок здив за да се смирам и да најдам благодарност (и разбирање) за се што се случува. Единствениот закон што сите треба да го почитуваме без разлика каде и да сме е ,Љубовта и почитувањето на другите. Љубовта и простувањето никогаш не се грешка, туку моќна сила’“, додаде таа.

]]>

Најчитани вести