Распукани ѕидови во Битола, земјотресот силно почувствуван и во Охрид

Голем број битолчани вечерва излегоа на улиците каде се чувствува голема вознемиреност по серијата земјотреси кои се случија во близина на градот Лерин во Грција.

Пратеникот Горан Милевски од ЛДП на својата Фејсбук страница сподели фотографии на коишто се гледа материјална штета од земјотресите, односно распукани ѕидови на дел од објектите во Битола.

Земјотресот беше силно почувствуван и во Скопје, а за тоа сведочи и ова видео коешто беше објавено на социјалната мрежа Фејсбук.

„Битола на 9. спрат хорори земјотресот“, „Битола убаво тресеше…“, „Не сте свесни како стресе во Битола“, „Леле земјотресот… Цела вечност“, „Силно да“ се дел од коментарите коишто ги пишуваат вознемирените жители на Битола и Охрид на социјалните мрежи.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести