Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди северниот дел на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина. Земјотресот се почувствува и во делови од Македонија.
Земјотресот се случил на длабочина од десет километри, а се случил на шест километри северозападно од градот Лерин во грчката област Западна Македонија, објави солунскиот весник „Македонија“.
По тој земјотрес уште четири други ја потресоа Грција, објави веб-страницата на Европскиот сеизмолошки институт, со јачина од 3,1 до 4,2 степени.
Во Македонија, овие земјотреси најсилно беа почувствувани во југозападниот дел, особено во Битола, Ресен и Охрид.
Дел од граѓаните ги напуштија своите домови и заминаа во блиските места.
]]>


