СДСМ: Ковачевски и новата Влада не само што имаат легитимитет, туку имаат проширено и стабилно мнозинство во Собранието

Очигледно ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Мицкоски не се добро запознаени со уставот и законите во земјава.

Новата Влада не само што има легитимитет, туку има проширено и стабилно мнозинство во Собранието.

Оттаму, Владата има полн легитимитет да ги носи сите одлуки и да ја спроведува владината програма во интерес на граѓаните и државата.

Празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ се само недостаток на други аргументи, недостаток на политики, предлози, идеји од опозициската партија во која ништо не се променило.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести