Професорот на Правен факултет, Никола Тупанчевски пак, е големото изненадување кое Ковачевски го чуваше во најголема тајност, а кој ќе биде предлог за иден министер за правда.
Петровска, ако добие виза од партиските тела, ќе биде предлог за нова министерка за одбрана на местото на Радмила Шекеринска. Јована Тренчевска се предлага за ресорот труд и социјала на местото на Јагода Шахпаска. Грковска треба да биде новата вицепремиерка за борба против корупција, додека актуелниот вицепремиер Љупчо Николовски ќе се врати во ресорот земјоделство. Ирена Стефоска ќе го отстапи ресорот култура на пратеничката Бисера Костадиновска.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи останува на позицијата, како и министерот за внатрешни Оливер Спасовски. Промена ќе нема ни во ресорот транспорт и врски каде останува актуелниот министер Благој Бочварски ни во локална самоуправа каде министерува Горан Милевски. Бојан Маричиќ од правда заминува за вицепремиер за евроинтеграции.
Старо- новите предлози за министри вечерва треба да добијат виза од Извршниот и од Централниот одбор на СДСМ.
Извор: Слободенпечат
]]>


