Пожарот што гори од 1971. наскоро би требало да го изгаснат

Претседателот на Туркменистан им наредил на експертите по повеќе од половина век конечно да најдат начин да го изгаснат пожарот во кратерот за природен гас, попознат како „Вратата на пеколот“.

Курбанкули Бердимухамедов на државната телевизија ја изрази својата загриженост за животната средина и економијата и им нареди на надлежните институции конечно да го изгаснат пожарот во гасниот кратер Дарваз во пустината Каракум.

Тој ова го направи уште во 2010 година, кога рече дека експертите треба да најдат начин да го изгаснат пламенот што гори откако советската операција за дупчење тргна во погрешна насока во 1971 година.

Претседателот истакна дека кратерот е создаден од човечка рака, дека не е природен феномен и дека лошо влијае на животната средина и на здравјето на луѓето кои живеат во близина.

Кратерот е формиран во 1971 година кога советските власти за време на дупчењето случајно налетале во шуплина исполнета со големи количини природен гас.

За да го спречат ширењето на гасот во воздухот, тие намерно го запалиле гасот што излегувал. Оттогаш кратерот гори, а сите досегашни обиди за негово гаснење беа неуспешни.

Кратерот што настанал како последица на оваа несреќа, е широк 70 метри и длабок 20 метри, а денес е и популарна туристичка атракција.

Пред три години, претседателот му го промени името и го нарече „Сјајот на Каракум“.

]]>

Најчитани вести