Најголемата бугарска фабрика за оружје „Арсенал“ ги праќа работниците на принуден одмор

Најголемата фабрика за оружје во Бугарија, „Арсенал“, одлучи да ги испрати своите работници на принуден одмор поради прекумерното поскапување на струјата и епидемијата на коронавирус, објави Анадолија.

Николај Ибушев, генерален директор на компанијата, која е најголемиот работодавец во јавниот сектор во Бугарија, за Бугарското национално радио (БНР) изјави дека повеќе од 8.000 вработени ќе бидат на одмор од 17-ти јануари до 11-ти февруари.

Ибушев изјави дека одлуката за привремено затворање е последица на последователните поскапувања на суровините и енергенсите, како и ефектот од омикронската варијанта на коронавирусот. Тој рече дека се разговарало за можно сценарио со четиридневен работен распоред, но тоа не е прифатено како непродуктивна алтернатива.

Компанијата „Арсенал“ е основана во градот Русе во 1891 година, за време на Османлиско-руската војна, во 1924 година била преместена во Казанлак, централна Бугарија.

]]>

Најнови вести

Најново од Балкан, Ударни вести

Најчитани вести