Николовски за Утрински брифинг: Во политиката треба да се влегува чесно и секој од нас треба да го даде својот придонес за доброто на граѓаните

Во политиката се треба да се влегува чесно и одговорно, секој од нас треба да го даде својот влог и придонес и да одработиме за доброто на граѓаните, изјави вицепремиерот Љупчо Николовски во денешното интервју за Утрински брифинг. Јас не сум од тие што сметаат дека треба да бидат во политиката 30 години, заради успесите и резултатите одам во истиот ресор во којшто бев пред оваа позиција, посочи Николовски.

„Во мојот мандат 2017-2019 се постигнати најдобрите успеси во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство , ова се фактитите и аргументите поради кои прифатив повторно да бидам министер во ова министерство и да продолжиме да придонесуваме за развојот на земјоделството. Ќе продолжат успешите и активните политики во секторот земјоделство, Сметам дека новиот мандатар има направено одлични проценки во делот на владиниот состав и програмата и она шт треба да го работиме. Треба да испорачаме резултати и граѓаните очекуваат брза испорка на резултати во сите сегменти и сектори, ефикасност во работењето одговорност во извршувањето на задачите“, рече вицепремиерот Николовски.

Тој во интервјуто воедно посочи дека после 30 години, премиерот Зоран Заев е единстевниот лидер кој успеа да ја внесе државата во НАТО.

„А имавме многу претседатели, министри, вицепремиери, но никој не успеа да ја внесе државата во НАТО. Само Зоран Заев успеа во остварувањето на таа стратешка цел и тоа е бенефит за сите идни генерации. Верувам дека новиот мандатар Димитар Ковачевски, ќе даде еден дополнителен нов дух и нова енергија во политиките и во начиниот на раководење. Ковачевски беше прв во тимот кога влегов како генерален секретар во партијата, прв со којшто започнав работа во 2019 година, како советник во кабинетот за стратешки работи и политии, и навистина верувам во неговиот капацитет, потенцијал и неговите компетенции и дека ќе ги продолжи храбрите и решетелни политики коишто ги носеше Зоран Заев“, посочи во интервјутото вицепремиерот Николовски.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести