Ковачевски: Граѓаните се уморни и ги отфрлаат партиските говори, време е да ги решиме проблемите и предизвиците

„Граѓаните се уморни и ги отфрлаат празните партиски говори. Проблемите од минатото, дополнети со здравствените и економските негативни ефекти од пандемијата, зголемени со енергетската криза ја намали вербата за подобро. Луѓето се помалку веруваат и се за некого и нешто, а се поголем број на граѓани се против некого и нешто“ кажа мандатарот на новата влада, Димитар Ковачевски во неговото експозе во Собранието.

Тој додаде дека време да се стави крај на ваквата ситуација и дека тоа не ма да се направи преку предвремени избори, кои само ќе ги променат кариерите на 120 пратеници идваесетина министри.

„Наша обврска и одговорност е да ги решиме проблемите и предизвиците и старите и новите, со кои нашите сограѓани се соочуваат секој ден, од наутро до навечер. Како ново, зголемено парламентарно мнозинство, ја прифативме пораката на граѓаните дека мора подобро, мора побрзо и поефикасно да ги креираме и испорачаме резултатите, решенијата и мерките. Во сите области, без исклучок“ кажа Ковачевски.

Тој додаде дека премногу време е изгубено и дека следните 2 и пол години без изборни потреси се период во кој треба да се посветиме на економијата, на платите и пензиите, на поддршка на компанииите, на енергетскиот развој и на зголемување на вработеноста.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести