На територија на Скопје вчера санкционирани се 101 возач од кои 22 за брзо возење.
Изречени се и 11 санкции за возење без возачка дозвола и девет за возење под дејство на алкохол.
Министерството за внатрешни работи денеска информира дека санкционирани се и пет возачи кои користеле мобилен телефон, седум кои не користеле сигурносен појас, а изречени се и четири мерки за нерегистрирани возила и три за возач почетник.
]]>


