Аму Хаџи тврди дека не се капел со децении бидејќи верувал дека тоа ќе му донесе лоша среќа и на крајот ќе го убие. Тој исто така вели дека неговата исхрана се состои главно од она што го наоѓа по патот и дека пие нечиста вода директно од виричињата на патот.
Тој вели дека заради неговиот необичен начин на живот нема пријатели ниту девојка, а омилена работа му е „пушење луле исполнето со животинско ѓубриво“.
Селаните во Иран биле толку воодушевени од неговата посветеност на неконвенционалниот начин на живот што му изградиле мала колиба како алтернатива на дупката на Хаџи што се наоѓала во земјата.
Лекарите кои ја посетиле колибата во селото Деига во Иран му направиле неколку тестови и рекле дека и покрај неговиот чуден начин на живот, Хаџи е сосема здрав.
]]>


