Во 1954 година девојка си ја изгубила чантата, 65 години подоцна пронајдена со сите работи

На веб-страницата „Do You Remember”, во чиј опис стои дека е „најголемата заедница на носталгичари и вљубеници од 40-тите, 50-тите и 60-тите години“, е објавена приказна што стана вирална.

Се работи за една девојка која си ја изгубила чантата во 1954 година, додека учела во средно училиште во Индијана. Некој ја нашол изгубена чанта со сите нејзини работи, вклучувајќи ги и личните документи. Чантата е пронајдена позади стар шкаф, а документите биле на девојка со име Марта. Покрај личните документи, имало и исечоци од весници, распоред за тренинг во гимназијата Џеферсон за 1953-1954 година, кармин, гуми за џвакање „Juicy Fruit“, распоред на автобуси и неколку пораки напишани на хартија.

Лицето кое ја нашло чантата ја објавило на група на Фејсбук, а благодарение на модерната технологија, 65 години подоцна, чантата успеала да си ја пронајде својата сопственичка, која сега живее на Флорида.

]]>

Најчитани вести