Рахимовски ќе биде погребан во четврток во Загреб

Последното испраќање на Аки Рахимовски ќе се одржи во четврток во 15 часот на загрепски „Мирогој“ во Алејата на великаните, во кругот на најблиското семејство и пријателите, објави групата „Парни ваљак“ на својата официјална Фејсбук страница.

„Имајќи ги предвид актуелните епидемиолошки мерки, ги замолуваме сите кои го сакаа Аки и сакаат да му оддадат почит да го сторат тоа од вторник, 25 јануари крај „Зденац живота“ пред загрепскиот Хрватски народен театар, каде што ќе може да се донесе цвеќе и запали свеќа“ – пишува во соопштението на Фејсбук.

Пејачот Аки Рахимовски почина ненадејно во саботата, во 67. година од неговиот живот.

]]>

Најчитани вести