Џорџ Клуни подарил по милион долари на 14 свои пријатели, а конечно откри и зошто

Блискиот пријател и деловен партнер на Џорџ Клуни, Казамигоса Ранде Гербер првпат проговори за куферите полни со пари во 2017 година, но ова е првпат приказната за подарокот да ја потврди и самиот актер, Џорџ Клуни. Во интервју за „GQ“, Клуни потврди дека на 14 блиски пријатели им подарил по милион долари во 2013 година.

„Бев сам, а сите стареевме. Имав околу 52 години и повеќето од моите пријатели беа постари од мене“, се присети актерот на своето размислување пред 10 години кога за првпат ја запознал Амал, но тие сè уште не беа во врска.

„И тогаш си помислив, сè што имам се моите пријатели кои, во период од 35 години, секој од нив ми помогнал на еден или на друг начин“, изјави Клуни, раскажувајќи што неговите пријатели направиле за него. „Ми помогнаа кога ми требаше помош. И јас им помогнав. Си помислив, знаете, без нив ќе немам ништо од тоа што го имав. И си помислив дека ако ме удри автобус, сите ми се во тестаментот. Па, зошто да чекам да ме удри автобус?

Клуни спакувал по милион долари во 14 куфери и ги поканил своите пријатели кај него дома.

По воведниот говор им рекол да ги отворат куферите и дека тоа е неговата благодарност за она што секој на свој начин направил за него. Се разбира, за парите бил платен и данокот.

Сите биле шокирани од гестот, но Гербер, кој е во брак со Синди Крафорд и има свој успешен бизнис, не сакал да ги земе парите и се обидел да му ги врати. Но, дарежливиот актер не сакал ниту да слушне за тоа.

„Го тргнав настрана и му реков: ,Нема шанса да го земам овој милион долари’“, раскажа Гербер за ова неверојатно искуство во емисијата „Headliners“ на MSNBC од 2017 година. На овој негов приговор Клуни, тогаш, само се свртел кон другите и им рекол: „Имам само една информација за вас, ако Ранде не го земе неговиот милион долари, никој нема да ги добие парите“.

И така неговите 14 пријатели си добиле 14 милиони долари, а Џорџ се оженил со Амал точно една година подоцна, на истиот датум.

]]>

Најчитани вести