На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во извршена засилена сообраќајна акциска контрола изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола и шест санкции за технички неисправни возила.
– Изречени се две мерки за возач почетник, 10 санкции за зборување на мобилен телефон, три мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал црвено светло, соопштија денеска од МВР и најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
]]>


