Саша Поповиќ откри колку чини појавувањето во „Ѕвездите на Гранд“

Долго време се шпекулираше колку чини учеството на пејачите во емисиите на Гранд, а Саша Поповиќ сега ја откри вистината.

Имено, тој во емисијата „Ѕвездите на Гранд“ несвесно рече дека пејачите ги плаќаат по 10.000 евра за да ја изведат нивната песна на сцената. Поповиќ му се обратил на натпреварувачот Јасмин Ѓулишиќ на кого му рече дека заработил 30.000 евра.

„Ѓулишиќ, не се жали, си заработи 30.000 евра, ич да не ти е гајле. Сега се чудиш како, па секое појавување во „Ѕвездите на Гранд“, кој сака да дојде овде, за секоја емисија тоа е како да си донел овде 10.000 евра и си рекол: Сакам да пеам овде пред ова жири, пред оваа публика и да ме гледаат седум, осум милиони луѓе“, рече Поповиќ на што Сања Кужет веднаш додаде:

„Па, јас сум тогаш милионерка, само не сум знаела! Па, и ти не си далеку од тоа“.

„Ние сме во полоша позиција, за бидеме во жирито, секој треба да му даде на Саша по 50.000 евра по сезона“, изјави Ѓорѓе и ги насмеа колегите од жирито.

]]>

Најчитани вести