Бројните совети за тоа како да имате повеќе пари се всушност совети за штедење, но ова не е воопшто лесно ниту ефективно, а може да биде и многу фрустрирачко. Со штедењето не се постигнува просперитет, ниту пак нови приливи на пари.
Еве неколку трикови што можат да ви го олеснат животот:
Креирајте буџет
Креирањето на буџет нема врска со штедењето. Луѓето често се откажуваат од оваа постапка затоа што им е напорна. Потребно е да си ги определите своите приоритети и да се ослободите од трошоците за работите што не ви се потребни. Стручен совет е да не се оптоварувате. Кога ќе го проширите фокусот, работите што ви изгледале недостижни ќе станат лесно достапни.
Ризикувајте
Ова може да изгледа сосема погрешно, но понекогаш е неопходно да се позајми некој износ за да започне енергијата на парите да се движи. Луѓето обично ја следат логиката дека штедењето ќе ги однесе на вистинското место, а попатно секогаш земаат од тие пари и го губат ентузијазмот. Ризикувајте, особено ако досега не сте го сториле тоа. Парите се енергија и треба да се движат.
Променете ги малите нешта
Осмелете се да побарате покачување, чисто за да го „почувствувате теренот“, дури и ако мислите дека не е вистинското време за тоа. Внесете нов курс во вашиот живот. Движете се. Ако подолго време сакате да започнете со нешто, дури и да се работи за некое хоби, време е да започнете со тоа, но без никаков притисок. Дали сте слушнале за луѓе кои почнале да живеат, и тоа многу добро, од своето хоби?
Паметен начин на живот
Можеби имате доволно пари за добар автомобил, но би можеле да инвестирате во нешто подобро. Не земајте кредит за нешто што само ви се допаѓа во моментов, тоа ќе ве направи среќни само сега. Размислете за реалните можности.
Запишете се на некој курс
Никогаш не е доцна за образование, иако многумина ќе ве убедуваат во спротивното. Ако во моментот сте во некоја фаза на пресврт во вашиот живот и тешко можете да одлучите што да правите понатаму, образованието може да биде одлична опција.
]]>


