Постојат неколку едноставни начини што можат да ви помогнат да ги отстраните. Користете течно средство за чистење прозорци., испрскајте ја налепницата, почекајте малку и потоа внимателно, како со гребење со помош на жилет отстранете ја. Истото можете да го направите и со алкохол за чистење. При користењето на жилетот треба да бидете многу внимателни да не се повредите, носете заштитни ракавици задолжително и внимавајте да не го оштетите стаклото.
Исто така, налепницата во зима можете да ја загреете со фен и да ја отстраните многу лесно, а тука е и познатиот „експерт“ за се, спрејот „ВД-40“. Како и со средството за чистење прозорци или алкохолот, испрскајте ја налепницата и почекајте малку. Потоа повторно со жилет. На крајот, избришете го местото со детергент за стакло и крпа за да не остане мрсно, пишува „Autopress.hr“.
]]>


