Според наводите, таа наводно одлучила поголемиот дел од своето богатство, проценето на 11,4 милијарди долари, да не биде во фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, или пак, можеби, ќе се насочи кон други добротворни организации. По разводот, Бил Гејтс и Мелинда најавија двегодишен преоден период во кој заедно ќе раководат со фондацијата. Извршниот директор Марк Сузман рече дека тоа е план „кој треба да обезбеди континуитет на работата на фондацијата“. Доколку Бил и Мелинда решат да ја прекинат соработката по преодниот период, Бил Гејтс ќе остане на чело на фондацијата.
Фондацијата е една од најголемите во светот, со фонд од над 50 милијарди долари. Беше вклучена во различни иницијативи последниве 20 години – како што се родовата еднаквост, намалувањето на сиромаштијата и воведувањето на вакцини против Ковид-19 на светско ниво.
Двојката во јули одлучи да вбризга дополнителни 15 милијарди долари во фондацијата.
MИА
]]>


