Актерот Арнолд Шварценегер неодамна ги збуни сите, откако „Терминаторот“ и поранешниот гувернер на Калифорнија споделија на Твитер постер за проект поврзан со Зевс, што доаѓа во февруари, а за кој никој ништо не знаеше. Ниту специјализираниот сајт за филмови и серии „IMdB“ не напиша ништо за овој проект.
Сепак, некои споменаа дека Арнолд наводно снимил реклама за Супербу, а токму тоа беше потврдено вчера.
„BMW“ е фокусиран на електричните автомобили, а со цел да ги промовира своите „електрични амбиции“, компанијата во соработка со Арнолд Шварценегер снимила реклама за „Супербул“, најгледаниот американски спортски настан на годината.
На каналот на „Јутјуб“ се појави трејлер за рекламата во која актерот Арнолд Шварценегер се појавува како Зевс, богот на громот и небото, но и крал на сите богови во грчката митологија.
Во трејлерот Зевс го зема макијатото што го нарачал од збунетиот вработен, а останатото ќе го видиме за време на „Супербул“-от.
„BMW i4“ и „iX“ се само почеток на електричната ера на „BMW“, наскоро ќе видиме сериска верзија на концептниот теренец „XM“, а во блиска иднина доаѓа и нова платформа за електрични автомобили од овој германски гигант.


