Mу го дала мобилниот на детето да си игра: Двегодишниот син купил гарнитура и уште нешто

Жените кои сакаат да купуваат онлајн знаат колку е забавно да си ги стават своите омилени работи во „пазарувачката кошничка“, а потоа имаат доволно време за да размислат дали навистина ќе купат или ќе го откажат пазарувањето.

Сепак, како што советува една мајка, не е секогаш паметно да ја наполните кошничката со скапи работи, а потоа телефон да му го дадете на двегодишно дете. Маду Кумар раскажа за нејзиното искуство, со својот двегодишен син, кој притиснал каде што не треба и ѝ помогнал да си ги купи можеби не толку посакуваните работи.

-Достава доаѓаше секој ден и ни носеа некои работи и мебел. На почетокот мојот сопруг не веруваше дека не знам што се случува, раскажува жената. Таа вели дека сакала да купи столови, мебел и некои други работи за куќата, но не била сигурна дали тоа е добра одлука, а во меѓувреме му го дала нејзиниот телефон на синот да гледа цртани.

Судејќи по работите кои пристигнале – детето потврдило нарачки од окoлу 2.000 долари.

„Нарачал мебел и работи во вредност од околу 2.000 долари. Со сопругот само се обвинувавме, а не ни помисливме дека ова мало, слатко, насмеано момче може да го направи тоа – изјави Маду и откри дека ги вратиле повеќето од работите.

„Нешто задржавме, но не можевме се. Мислам дека ова нема да се повтори, бидејќи ставивме шифри“, заклучи таа.

]]>

Најчитани вести