Според тоа, дебелината кај децата не може да биде предизвикана од тежината на мајката во бременоста. БМИ е мерка за следење на промените во тежината. Децата со висок БМИ, со возраст од 25 години или повеќе, имаат поголема веројатност да имаат прекумерна тежина поради фактори на животната средина, а не поради тежината на нивната мајка додека била бремена.
– Факторите на животната средина вклучуваат сè што ги тера децата да јадат повеќе и да вежбаат помалку, вели авторот на трудот, Том Бонд, научен соработник на Универзитетот на Бристол, Велика Британија.
Истражувачите користеле податоци собрани во долгорочните истражувања „Деца од 90-тите“ и „Родените во Бредфорд“ сосредоточувајќи се на возраста 1 – 4 години и 10 – 15 години. „Децата на 90-тите“ е долгорочна истражувачка група којашто почна со над 14.000 бремени жени во раните 1990-ти. „Родените во Бредфорд“ е програма што ги анализира здравствените податоци на над 30.000 луѓе во Бредфорд, Велика Британија. Резултатите покажале дека има мала врска меѓу БМИ на мајката и тежината на бебето при раѓањето, но тоа исчезнало додека детето растело.
– Иако БМИ на тинејџерите е поврзан со БМИ на нивните мајки, тоа е поверојатно поради наследните гени и факторите на начинот на живот, а не толку поради влијанијата во утробата, рече Бонд.
Според него, околината и начинот на живот на детето, како што се живеењето близу ресторани за брза храна или подалеку од големи зелени површини, може многу повеќе да влијаат на БМИ на детето.
МИА
]]>


